Српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ доаѓа во Скопје по повод првото македонско издание на неговата поезија.

Неговата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво, или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле претерано мрзливи да читате“ ќе биде промовирана вечер од 19.30 часот во Бистро Комедија.

Книгата ја објави Издавачкиот центар ТРИ, а ќе ја промовира писателката Румена Бужаровска.

-Низ разговор со авторот, Бужаровска ќе ни ги доближи неговите необични, свежи и револуционерни стихови. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да поразговарате со еден необичен човек каков што е Срѓан Драгојевиќ. Неговата книга е едно од изненадувањата на овогодишниот Саем на книгата, каде што и на штандот на ТРИ ќе имаме можност да се сретнеме со него, се наведува во објавата за настанот.

Драгојевиќ е познат по неговите филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2024 18:35