Пред нас се исклучително важни избори, претседателски и парламентарни, можеби и најважни досега, не заради нечии функции или кариера. За Македонија е исклучително важно кој ќе ја води државата, важен е континуитетот и видовме дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто, порача вечерва од Штип, носителката на листата за пратеници на СДСМ во Третата изборна единица, Сања Лукаревска.
Порача дека е важно СДСМ да продолжи да ја води државата кон ЕУ. - Не дозволувајте да продолжат да ве лажат дека тие се поголеми патриоти од нас, од вас, од сите нас. Ниту биле, ниту ќе бидат, фабриката за лажни вести е нивна најголема инвестиција. Сите карти ги ставија на лагите, навредите и заборавот на граѓаните, рече Лукаревска.
Посочи дека во мандатот на СДСМ во изминатите седум години имало три кризи и дека никој не бил заборавен.
- Внимававме на сите граѓани, од тоа да ги задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите. И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип.
Пред штипјани вечерва се преставија и кандидатите за пратеници во ИЕ 3, Благој Бочварски и Мартин Велинов.
Бочварски се осврна на сработеното во текот на изминатите години како градоначалник на Општина Штип, а потоа и како министер за транспорт и врски. Посочи дека Штип во неговиот мандат го реши проблемот со водоснабдувањето за наредните 50 години, со изградба на новата филтер станица, во која се инвестирани околу пет милиони евра, изграден е новиот мост на реката Брегалница, а се гради и браната на реката Отиња