На синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во Ново Село, свое обраќање имаше носителот на листата за пратеници од четвртата изборна единица, Александар Николоски. Тој го запраша својот противкандидат Венко Филипче, од каде му се енормните суми на средства за скапата кампања и спотови кои ги објавува.

Пред некој ден сними едно скапо видео, скапо е од две причини, прво му го снима видеото скапа маркетинг ПР агенција, којашто плаќа по 100 евра по медиум за објава на текстовите за него, само тоа видео беше споделено на 22 медиуми, што значи дека само за тоа видео потрошиле 2200 евра, па прашањето е од кај им се парите за таа работа? Одговорот е јасен, тоа се ваши народни, крадени пари, од вас ги украдоа за себе да си прават пропаганда. И втората причина, зошто е ова скапо видео, е затоа што видеото е снимено во автомобил додека Венко Филипче вози во можеби најскапиот автомобил којшто било кој политичар во Македонија го поседува, јас искрено не знам ни до крај марката да ја кажам, ми кажаа дека е некое најново Ауди, СУВ или џип вака понародски кажано, најскапото коешто го има на пазарот, е во такво возило се вози мојот против кандидат, јас се возам во шкода вака за споредба, рече Николоски од митингот во Ново Село.

Тој посочи дека вакво луксузно возило невозможно е да се набави, ниту со докторска, ниту со министерска плата, туку исклучиво со криминал и корупција.

Мислам дека нити со пратеничка, нити со докторска плата не може да се заработи возило коешто чини повеќе од целокупниот род овде околу да се откупи, возило од 250.000 евр



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2024 14:22