Денеска на Бојан Маричиќ од СДСМ му ја дадов изборната програма Манифест за Македонија на нашиот претседателски кандидат Максим Димитриевски, објави Бобан Карапејовски, носител на ИЕ 1 од Движење ЗНАМ - За наша Македонија на неговиот фејсбук профил.
- Денешната кратка случајна средба ја искористив за да го реафирмирам ставот искажан од претседателот на Движењето ЗНАМ дека, за жал, и покрај тоа што СДСМ има прекрасни членови и симпатизери, со ова раководство нема да можеме да соработуваме и да коалицираме. Жалам што во кампањата терминот „европски" се злоупотребува и се монополизира. Нашите црвени линии за промената на Уставот, македонскиот народ, јазик, историја и култура се основниот услов за соработка со која и да е политичка партија по изборите, напиша Карапејовски, носител на ИЕ 1 од „ЗНАМ-За наша Македонија“.