Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите во здравството, во судството, во образованието и заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Од ова, нема откажување! И тоа е факт. Кој кажува друго, лаже, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Желино.
Ковачевски нагласи дека ДПМНЕ има план кој не е план, тоа е ветер во магла. Христијан Мицковски е новиот Никола Груевски. Исто како неговиот ментор и тој ќе го одложува патот кон ЕУ. Исто како неговиот ментор и тој ќе ја обвинува ЕУ за неговите неуспеси. Верувајте, исто како Груевски и Мицковски ќе ни изгуби уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци. Време кое едноставно, веќе го немаме за губење, рече Ковачевски, додавајќи дека бадијала Мицковски на цел глас повикува за некакво национално единство, за некакви мораториуми... за жал, мораториумите постојат само во главата на Мицковски и неговите најблиски поддржувачи.
Нам не ни треба национално единство за мораториум, нам ни треба национално единство на патот кон ЕУ и на патот кон сигурната и безбедна иднина на нашата држава, рече Ковачевски.
Одлуката денес е многу едноставна. На овие избори одлучуваме помеѓу „надеж“ и „безнадежност“. Одлучуваме помеѓу „заглавување во минатото“ со ВМРО-ДПМНЕ и „неоткажување од иднината“ со СДСМ. Изборот на 8ми мај е јасен – или враќање назад кон минатото со ВМРО-ДПМНЕ или напред со нас, со мене, со СДСМ, со Коалицијата за европска иднина, со нашиот претседател Стево Пендаровски, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Желино.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница ја најави големата енергетска реформа, предвидена во изборната програма. Имам чест да ви ја најавам големата енергетска реформа, со која државните енергетски компании ги враќаме назад, кај граѓаните, истакна Ковачевски.
Ковачески нагласи дека висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство, порача Ковачевски.
Тој додаде дека покрај ова, во наредните четири години инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија ќе биде зголемен за 100%!
Покажавме дека се грижиме за граѓаните, затоа и сум убеден и можам да ви порачам дека наредните 4 години ќе видите една сосема нова приказна, со нови, квалитетни луѓе и уште поквалитетни политики, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.
Ковачевски: Со заокружување на бројот 1 граѓаните гласаат за европска иднина
Знаеме дека патот кон ЕУ воопшто не е лесен, знаеме и дека тие не беа секогаш фер кон нас. Но, само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите во здравството, во судството, во образованието и заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Од ова, нема откажување!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.
Ковачевски нагласи дека само, заеднички и одлучно, можеме Македонија да ја направиме едно убаво и пристојно место за живеење на сите нас.
Изборот на 8ми мај е јасен – или враќање назад кон минатото со ВМРО-ДПМНЕ или напред со нас, со мене, со СДСМ, со Коалицијата за европска иднина, со нашиот претседател Стево Пендаровски, потенцираше Ковачевски.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски наглади дека со заокружување на бројот 1 граѓаните гласаат за европска иднина.
Излезете на 24 април и на 8ми мај и заокружете го бројот 1! Дајте го гласот за Европска Македонија и заеднички, да им обезбедиме сигурна иднина на нашите деца и идни генерации. Нема откажување од иднината!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.