Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата ВЛЕН денеска одржаа митинг со нашите сограѓани иселени во Цирих.

Таравари рече дека на овие избори Македонија се наоѓа пред многу важен крстопат, а овие избори се историски затоа што, меѓу другото, Албин Курти му конкурира на Вучиќ, додека Македонија по изборите мора да развие соработка со Тирана, Приштина, Софија и Атина.

„Македонија на овие избори се соочува со многу важен крстопат. Изборите се историски бидејќи основата на политичката трка на Македонија, ако ја поедноставиме, излегува дека е албинизмот наспроти вучизмот. Се наоѓаме во историски момент бидејќи по руската агресија во Украина, геостратегијата е целосно променета. Пред 3-4 недели имав можност да седнам со еден американски професор кој се занимава со геостратегија и тој многу убаво ми објасни некои работи со кои целосно се согласувам. Првиот триаголник е Скопје, Тирана и Приштина, а вториот триаголник, кој е многу важен за развој е Скопје, Софија и Атина. За среќа, имаме коректни односи со Приштина, а со Тирана треба да биде што е можно посилна соработката и во иднина треба да размислуваме што повеќе да ја развиеме соработката со Софија и Атина. Овие два триаголници го спречуваат влијанието на Северот, или на руското влијание“, рече Таравари.

Таравари побара поддршка од нашите сограѓани и истакна дека дијаспората е предводник на позитивните промени за Албанците во Македонија.

„Нема важен процес во историјата на Албанците во Македонија каде што дијаспората не била главен катализатор. Многу едноставно ќе го земам за пример Гостивар. Не би имал можност да победам на изборите во Гостивар во 2017 и 2021 година, да не беше дијаспората. Затоа е важно во овој изборен процес да ги имаме на 24 април и 8 мај“, рече Таравари, додавајќи дека Македонија треба да се погрижи да го олесни инвестирањето на иселениците во Македонија, можноста за гласање за иселениците и олеснување на процедурите за лични документи.

„Знам дека имате работа, дека сте зафатени, имате семејства, но имате и огромно влијание таму. Ве молам, ако мислите дека треба да не поддржите, кој не може да дојде, барем телефонски да се јави кај може, половина збор за да ја поддржи промената бидејќи Албанците гласаат за промени од 2011 година“, рече Таравари, нагласувајќи дека Албанците гласале за промени од 2011 година, но опозицијата не била обединета, додека сега ВЛЕН е пообединет од кога било и одлучен да донесе промени“, рече на крајот Таравари.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 04:53