При посетата на Струмичкиот регион канидатот за преседател Стево Пендаровски денеска се сретна со жителите на општина Босилово.

Пред граѓаните, Пендаровски порача дека е важно веќе в среда, на 24 април да се излезе масовно на изборите и да се заокружи бројот еден.

„Да не заборавите, уште во првиот круг ќе се види колку се за демократска, европска и просперитетна Македонија, а кои се за режим. Затоа е многу важно уште на 24 април да им покажеме дека има голем број на граѓани кои ја сакаат европска Македонија“ порача Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски порача дека само бројот еден е гаранција за продолжување на патот кон полноправно членство, а се друго е враќање назад во неизвеснот, поделби и изолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 04:54