На 19.04.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово, 48 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице од Скопје за сума од 800 евра.

Според пријавеното, на 22.02.2024 тие се договориле лицето да му изврши транспорт на возило од странска земја, по што тој преку брз трансфер на пари му ги уплатил парите.

Како што е пријавено, лицето не го донело возилото до 10.03.2024 како што било договорено, а до пријавувањето имале комуникација по телефон, при што лицето му упатувало закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 05:17