Изборната кампања за кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, изборниот ден го со заврши со митинг со Делчево.
„Претседателот воопшто не е невин. Барем дваесетина пати требаше да посегне по ветото кога се носеа лошите закони. Тој, скромно, двапати тоа го стори, а вториот пат не по сопствена волја туку по приговор на Европската Унија. Е, па, ако не стави вето на оној скандалозен закон, измени на кривичниот законик, што всушност значеше колективна амнестија тогаш тој е директно одговорен за кршење на Уставот и законите. Ако не се обрати, освен петпати пред Собранието, само пред Нова година, тогаш тој пропушти да ги адресира прашањата за кои е надлежен. Ако ја предложи во судскиот совет без сомневање најлошата партиска правничка тогаш тој не води сметка за независното судство. Ако молчеше додека ДУИ цело време правеше скандали и криминали, тогаш тој е еднакво одговорен како и ДУИ и оние околу нив.
Ама ниту тој ниту водачот на ДУИ не се во право кога нè обвинуваат дека сме негувале и сме манифестирале антиалбанско расположение. Не! Далеку од умот ... Далеку од вистината. Не, ние сме против ДУИ, односно против оние од ДУИ кои посегнаа по целосна корупција и криминал. Но, граѓаните од албанскиот народ се добредојдени и за соработка и за соживот.“