Полициски службеници од СВР Струмица во 01.10 часот во Струмица, го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Пехчево, соопштија од МВР.

Тој се сомничи дека на 20.04.2024 во 22.45 часот во продажен објект во Струмица со закана кон вработената одзел повеќе производи.

- Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 22:48