Во Кичево во 17.40 часот вчера полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле А.А.(39) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска соопштија дека лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 23:01