Преку социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова јавно се заблагодари на Македонската телевизија за организацијата и на сите противкандидати за учеството во претседателската дебата.

Објавата за пренесуваме во целина:

„Голема благодарност до Македонската телевизија за организацијата на единствената дебата пред првиот круг на претседателските избори. Граѓаните на Македонија конечно добија шанса да ги споредат нашите програми и проекти низ еден непосреден, отворен и демократски дијалог.

Исто така, им се заблагодарувам и на сите мои противкандидати Стево Пендаровски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски и Арбен Таравари за учеството во вечерашната дебата.

Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на изборните места на 24 април и да го дадат својот глас за кандидатката или кандидатот кој што најдобро ги отсликува нивните вредности, идеи и принципи.“



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 04:42