За претседателскиот кандидат на Европскиот фронт предводен од ДУИ Бујар Османи, слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори „Македонија повторно твоја“ е шовинистички.
-Слоганите коишто за жал македонската опозиција ги има во оваа кампања се косат директно со членот 137 од Кривичниот законик. Слоганот „Македонија повторно твоја“ е најшовинистичкиот слоган што можеше да се измисли, бидејќи со тоа сакаат да кажат дека фактот што има премиер Албанец или министер за надворешни Албанец, Македонија била на Албанците и сега треба да ја земеме од нив и да ја вратиме на другите, оцени Османи.
Праша, до каде ќе се оди со овој вокабулар ако секој почне да ја влече кон себе државата.
-За кого сум работел како министер за надворешни работи во овие четири години? За кого работи Талат Џафери како премиер на оваа држава или Фатмир Бесими како министер за финансии. Зар не работевме за сите, за овие граѓани, за оваа држава за да стане европска, вели тој.
Инаку, на вчерашниот митинг на ДУИ, неговиот лидер скандираше УЧК, УЧК, УЧК а во корегорафијатана партијата не можеше да се забележи ниту едно македонско знаме.