Во првиот круг од претседателските избори во општина Гостивар ќе гласаат 129 болни и изнемоштени лица, потврдија од Општинската изборна комисија.

- Во законскиот рок до комисијата беа поднесени над 150 пријави со барања за гласање. Комисијата во соработка со лекар ги разгледа барањата и оправданите ги прифати, информираше членот на ОИК Халит Елези.

До ОИК Гостивар во законскиот рок не биле поднесени барања од лица кои се наоѓаат во притвор или затвореници.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 19:53