Во општина Маврово-Ростуше правото на глас утре ќе го искористат 38 болни и изнемоштени лица во првиот круг од претседателските избори. На избирачкиот список во најмалубројната општина во гостиварскиот регион запишани се вкупно 10.343 граѓани со право на глас.

- Во рокот предвиден за пријавување сите барања кои беа доставени, комисијата ги одобри, рече Абдулреџеп Агаи од ОИК Маврово-Ростуше.

До ОИК биле поднесени барања од 4 лица кои се наоѓаат во казнено-поправни установи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 19:54