Во Општина Крива Паланка утре на вкупно 47 избирачки места избирачкото право за претседателските избори ќе можат да го остварат 238 изнемоштени и болни лица, додека ќе гласаат и 16 затвореници.

Претседателката на општинската изборна комисија Крива Паланка Моника Костовска информира дека во единствениот избирачки список на Општина Крива Паланка се регистрирани 16.518 граѓани кои ќе можат да гласаат на претседателските избори в среда и на претстојните парламентарни избори на 8 мај.

Во Општина Ранковце на 13 избирачки места ќе гласаат вкупно 2913 граѓани.

-Утре своето избирачко право ќе го остварат 45 изнемоштени и болни лица од нашата општина, рече Орце Тодоровски, претседател на ОИК Ранковце.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 20:18