Генералот Павле Арсоски, носител на листа на ИЕ3 од Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, денеска пред жителите на Берово ја презентираше програмата „Проглас за достоинствена Македонија“. Истакна дека со амбициозни планови и конкретни мерки, главниот фокус е ставен на економски развој, промоција на туризмот, зголемување на поддршката за земјоделството, и создавање можности за младите за да останат да живеат и создаваат во Берово.
-Свесни за потребата за раст и развој на економијата, нудиме планови за економско зајакнување, ги идентификувавме потребите и потенцијалите за развој и поддршка на локалните бизниси со цел отварање на нови работни места преку финансиска помош и субвенциии, како и реставрација на постоечките капацитети. Берово, бисерот на Малешевијата, со својата богата историја и природна убавина, претставува идеално место за развој на алтернативен туризам. Планираме да ја подобриме инфраструктурата, да ги промовираме културните и природни убавини и да ја зголемиме достапноста и квалитетот на туристичките услуги, истакна Арсоски.
Тој потенцираше дека иселувањето на младите е рак рана за македонското општеството, па оттаму најголем предизвик за Движењето ЗНАМ е да се задржат и охрабрат младите да останат во Македонија.
-Прогласот за достоинствена Македонија“ предвидува создавање на претприемачки услови и доделување на долгорочни кредити со државна субвенција на каматите, како и поддршка за младите да започнат и развијат свои бизниси во општината. Со овие мерки, целиме да создадеме поволна средина за задржување на младите во Берово и да ги охрабриме да бидат активен дел од локалното општество и економијата. Движењето ЗНАМ се обврзува да го трансформира Берово и Малешевијата во место каде што секој граѓанин ќе има можност за успех и достоинствен живот, им порача Арсоски на граѓаните.
Тој ги повика на 24.април и на 8 мај да го заокружат бројот 7 и да дадат глас за Максим Димитриевски и Движење ЗНАМ - За Наша Македонија