Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Карбинци м порача на граѓаните дека на 24 април се наоѓаат пред избор од кој ќе зависи нивната иднина и иднината на нивните семејства. Мицкоски повика да се донесете одлука која опција е подобра за семејствата, дали онаа зад која стојат Али, Артан, Ковачевски и од друга страна Силјановска Давкова. Мицкоски им порача на присутните да се запрашаат дали семејствата ќе живеат подобро ако Влада на ВМРО-ДПМНЕ, или од овие другиве.

„Но, кога ќе ја носите одлуката да се сетите на ветувањата дадени од нив, дека ќе има повеќе за земјоделците, повеќе субвенции, гарантиран откуп и дали навистина тоа се случи, ветија подостоинствен живот за пензионерите или и оваа пензија сега ја изеде инфлацијата. Ветуваа и европско здравство, но сетете се дека ја испорачаа модуларната во Тетово каде живи гореа 14 лица и кабелот беше виновен, бидејќи директор беше од ДУИ. Тоа е реалноста денеска“, вели Мицкоски.

Според него кога ќе се носи одлука во среда, суштински е важно тоа да биде доброто на иднината на Македонија, и дали е подобро претседател да биде Силјановска Давкова.

„Да излеземе масовно како никогаш до сега и да пратиме порака на обединување без разлика на различностите. Никој не е идеален секој прави по некоја грешка. Единство ни е потребно како никогаш до сега, бидејќи оваа Македонија како што ја посакувавме во деведесетите денес се помалку ја имаме и ја губиме. И сетете се на плоштадот во Скопје каде вистинскиот премиер Ахмети скандираше УЧК и сетете се што значат овие три букви за Македонија“, кажа Мицкоски.

По 8 мај, додаде Мицкоски, или ќе бидеме такви какви што сакаме да бидеме или реалност ќе биде тоа што вчера го слушавме во главниот град.

„Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја“, порача Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 23:17