„Ве повикувам на мобилизација. Излезете и гласајте против оваа завера што и се прави на Македонија. Ние резервна татковина немаме и одговорот ќе го дадеме преку заокружување на бројот 2 и изборот за професорката Гордана Силјановска Давков, да и посакаме добредојде на идната претседателка Гордана Силјановска Давкова“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„Запомнете, задутре за два дена од денес е важно како никогаш досега историски е важно разликата помеѓу идниот претседателка Гордана Силјановска Давкова и чиракот на Али, измеќарот на Али, Стево Пендаровски да биде што е можно поголема. Излезете и гласајте“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака и до младите и додаде:

„Не ја прифаќам тезата дека сте незаинтересирани за политиката, туку многу повеќе ја прифаќам тезата дека сте разочарани од факторите кои треба преку политиката да ја креираат вашата иднина. Ја имате младешката пркост, но допрва ќе го стекнете искуството и способноста да распознавате што е манипулација, а што реална понуда. Поддржете не и јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Дајте шанса на енергијата што носи промени и нов начин на работа. Ви велам и да приклучете се и заедно од внатре да ги менуваме заедно работите“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака до неопределените и до огромното тивко мнозинство на Македонија.

„Тоа се оние луѓе на чии плеќи се носи и гради Македонија, но никогаш не биле во фокусот на оваа држава, а системот ги потргнувал на страна. Тоа се луѓето со извонредни капацитети, кои никогаш вистински не добиле шанса. Тоа се нашите чесни и лојални сограѓани. Земјоделецот на нивата, продавачот во маркетите, наставниците, учителите, работниците, невработените, пензионерите, но и младите кои се како што кажав можеби и незаинтересирани од политиката затоа што чувствуваат горчина поради сите неправди и сите порази. Сите вие кренете ја главата горе високо. Доаѓаат подобри времиња, а овие избори се вашата шанса да ги промените работите. Излезете и гласајте и поддржете ја опцијата која ви велам дека ќе ја направиме Македонија повторно твоја, Македонија повторно горда“, дециден е Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2024 00:02