Помошник на пратеник на Европскиот парламент (ЕП) од германската екстремно десничарска партија АфД е уапсен во Германија под сомнение дека шпионирал за Кина, објавија денеска германските обвинители.

Џијан Г., обвинет едека ги шпионирал противниците на Кина во Германија и дека со кинеската разузнавачка служба споделувал информации за Европскиот парламент, се наведува во соопштението на обвинителството.

Обвинетиот работел како помошник на европратеникот Максимилијан Крач, кој ја предводи листата на АфД за следните европски избори, закажани за 9 јуни



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2024 18:49