Два воени хеликоптери утрово се урнаа за време на тренинг над поморска база на западниот брег на Малезија, при што загинаа десет лица, јавија локалните медиуми повикувајќи се на морнарицата на земјата.

Сингапурскиот информативен канал ЦНА ја цитира Кралската малезиска морнарица (РМН) која во соопштение информира дека морнарички хеликоптер со седум членови на екипажот и уште еден со тројца патници се урнале во поморската база во Лумут, околу 200 километри северозападно од Куала Лумпур.

CNA јави дека хеликоптерите тренирале прелетување за прославата на 90-тиот Ден на морнарицата, што треба да се одржи за неколку дена.

Причината за несреќата првично е нејасна и РМН ќе „формира истражен одбор за да ја утврди причината за инцидентот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2024 19:03