Денеска ситуацијата во Македонија е прилично чудна, бидејќи онаа СДСМ која што некогаш беше државотворна партија, партија којашто и покрај сите разлики коишто ги имавме како политички опции со нив, знаеше секогаш кога е државниот и националниот интерес да застане заедно со ВМРО-ДПМНЕ, но денеска таа партија се претвори во ништо повеќе од еден измеќар на дел од раководството на ДУИ и чекаат коска да им фрлат од тие тендери коишто ги местат платени со ваши народни пари, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Богданци.

Тој исто така додаде дека тоа што СДСМ организираа митинг како глувци во сокаче, а ДУИ на плоштад кажува кој е вистинската власт во државата.

„Ветуваа правда, ветуваа мир пред 6 ипол 7 години, но затоа денеска тие скриени како глувци во едно сокаче таму во близина на канцеларијата на ЕУ, а на градскиот плоштад трипати побројни Али Ахмети и дружината. Со тоа јасно се покажа кој е вистинската власт во Македонија. И Ако тоа прет 7, 8 или 10 години делуваше дека е невозможно и дека ќе донеселе правда и мир, денеска гледаме дека тоа е возможно дека тоа е реалност којашто ние ја живееме во ова наше политичко мочуриште и за жал од правдата и мирот добивме своевиден артаноиден режим“, потенцираше Мицкоски.

Тој понатаму истакна дека поради погрешните политики на СДСМ реалноста во Македонија е полоша од кога и да е.

„Зошто артаноиден режим? Затоа што никогаш не се живеело потешко. Од чевлите што ги редеа пред зградата на македонската влада и ветуваа дека ќе ги донесат сопствениците да си ги пронајдат своите чевли не стана ништо, туку напротив, бројката на тие чевли е десет дваесетпати поголема за овие 6 ипол 7 години што значи дека народот се исели и веќе немаме празни села, тоа е стара вест, сега веќе градовите се празнат. Младите не само што си заминуваат, моите студенти веднаш после дипломирањето, огромен дел од нив кога ќе ги прашате што ќе правите отсега па натаму, тие велат што подалеку од овде. Но, не е само тоа, сега веќе луѓе во години животот го пакуваат во неколку куфери и заминуваат од Македонија. Таа е таа тешка, болна мачна реалност којашто е наше секојдневие“, подвлече Мицкоски и додаде:

„Чуствувам дека народот овојпат е одлучен да се обедини да излезе масовно, да го заокружи бројот 2 и со пенкало да го собориме овој таканаречен артаноиден режим, а јас можам да ви ветам дека сета неправда којашто ја чувствувавте овие 6 ипол 7 години, сиот немоќ, сите порази, сиот грабеж, понижувања и срам којшто го чувствувавте овие 6 ипол 7 години и што се чувствувавте граѓани од втор ред во сопствената држава, ние како влада ќе го исправиме, а злосторниците и луѓето коишто тоа го направија ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2024 21:17