Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија за МИА од Територијална противпожарна единица Неготино.

- Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети, рекоа од Противпожарната единица.

Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари.

- Огинот е изгаснат, едно возило и двајца пожарникари остануваат да ја следат ситуацијата уште некое време, истакна командирот на Противпожарната единица Стојче Атанасов.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 04:24