До 17 часот во Општина Тетово гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупно 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.

Според податоци од електронскиот систем на Државната изборна комисија, излезеноста на граѓаните за гласање на претседателските избори до 17 часот во Општина Теарце е 33,55 отсто, во Општина Боговиње 27,98, во Општина Брвеница 34,54, во Општина Желино 25,48 и во Општина Јегуновце 38,02 отсто од вкупниот број гласачи.

Во шесте општини на тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат вкупно 188.329 граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на 265 избирачки места.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 18:12