Излезеноста на претседателските избори до 18 часот изнесува 47,61отсто, соопшти Државната изборна комисија.
До 18 часот до ДИК пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 1200 избирачки места. Од вкупно запишани 612.850 гласачи на овие избирачки места, гласале 291 777.
Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 71,07% додека најмала е излезеноста во Шуто Оризари, 22,06%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК досега се доставени вкупно 345 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 98 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 36 приговори се отфрлени како неуредни а 46 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, соопшти ДИК