Историска победа на кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова во првиот круг од седмите претседателски избори во Македонија.

Според 80% обработени податоци, Силјановска има 282.075 гласови или предност од 145.000 гласови пред нејзиниот главен противкандидат Пендаровски кој досега има 137.540 гласови.

Според овие резултати, извесно е оддржувањето на вториот круг.

Во македонскиот кампус на кандидати, Димитриевски е трет со 59.933 освоени гласови, Ванковска е четврта со скоро дупло помалку од него односно 30.802 гласови, додека Јакимовски е последен со 5.321 глас, односно дупло помалку отколку што собра потписи за кандидатура.

Во Албанскиот блок, ДУИ прогласи победа, а нивниот кандидат Бујар Османи има освоено 101.160 гласови додека неговиот против кандидат Таравари досега има 71.633 гласови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 22:32