Вечерва претседателот на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски изрази голема благодарност до сите граѓани на Македонија за денешното гласање на претседателските избори.

„За мене е поголема чест што вечерва можам да кажам дека ЗНАМ ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена. Се роди третата политичка сила во Македонија која во наредниот период имаме намера да ја надоградиме и граѓаните да имаат можност да гласаат за нешто ново. Денес победи демократијата и победи Македонија. Треба да продолжиме да обединуваме, а не да разединуваме“, рече Димитриевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 23:08