Пред да се обратам се слушнав со албанската опозиција со господинот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија, истакна Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на првиот круг од претседателските избори.

Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме.

Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 23:22