САД испратија проектили со голем дострел ATACMS во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигна во земјата овој месец, соопшти денеска Стејт департментот.

„Можам да потврдам дека САД и дадоа на Украина ATACMS со голем дострел по директна наредба на претседателот“, изјави на брифинг портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Оружјето беше дел од мартовскиот пакет помош за Украина, а не од штотуку одобрено од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден, но „не го објавивме ова на почетокот за да ја одржиме оперативната безбедност за Украина на нивно барање“, нагласи Пател додавајќи дека „ракетите пристигнале во Украина овој месец“.

Белата куќа претходно потврди дека САД испратиле варијанта на ATACMS со помал дострел во Украина, што може да помине 165 километри, но типот со најголем дострел може да погоди цели до 300 километри.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 05:58