Претседателот на САД, Џо Бајден ја поддржува слободата на изразување во американските кампуси, соопшти Белата куќа денеска додека се повеќе студенти на универзитетите во државата протестираат против израелската војна во Газа.

„Претседателот верува дека слободниот говор, дебатата и недискриминацијата на колеџ-кампусите се важни“, рече секретарот за печат, Карин Жан-Пјер на брифинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 06:01