Резултатите од првиот круг за претседателски избори најавуваат историски убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во општините дел од изборната единица 4 каде што од ВМРО-ДПМНЕ носител е Александар Николоски, додека од СДСМ носител на листата за пратеници е Венко Филипче, позади кого стојат голем број на афери и индиции за криминал и корупција.

Според вчерашните резултати Силјановска однесе убедлива победа во Прилеп, каде што доби 18.085 гласови наспроти 9.668 гласови за Пендаровски и во Струмица каде што освои 11.808 гласа наспроти 9.008, како два најголеми града во оваа изборна единица.

Во Кавадарци Силјановска однесе победа од 2:1 односно доби 9.792 гласови наспроти 4.766 за Пендаровски, додека истиот со истиот размер победи и во Радовиш и во Гевгелија. Во Радовиш, Силјановска освои 5.444 гласови додека за Пендаровски гласале 2.679 гласачи. Во Гевгелија, Силјановска ја однесе победата со над 3.000 гласа.

Силјановска победи и во градовите Валандово и Дојран, каде што локалната самоуправа е во рацете на власта, а градоначалник на Валандово е Перо Костадинов, кој воедно е и потпретседател на СДСМ. Во овој град, Силјановска освои 2.885 гласови наспроти 1.871 за Пендаровски. Во Дојран пак, каде што имаше индиции за изборен поткуп и влијанија од страна на градоначалникот, за што јавно информираше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, Силјановска освои 910 гласови наспроти 560 за Пендаровски.

Во сите околни Струмички општини Пендаровски доживеа пораз. Во Ново село, Силјановска освои 2.488 гласови наспроти 1.367 гласови за Пендаровски, во Босилово победата беше 2:1 односно Пендаровски освои 1.666 гласови наспроти 3.264 за Силјановска, додека во Василево победата за професорката беше и повеќе од двојна односно доби 3.367 гласа наспроти 1.518 за актуелниот претседател.

Со 5.025 наспроти 3.230 гласови во Неготино победи Силјановска, додека со нешто помала разлика, Силјановска однесе победа и во Демир Капија. И во општина Богданци, која важи за општина со доминантно влијание на СДСМ победи Силјановска освојувајќи 1.781 глас наспроти 1.075 дадени за Пендаровски. 1.558 гласови освои Силјановска во Кривогаштани наспроти 1.031 за Пендаровски, а победа однесе и во Росоман, Конче, Могила и Новаци. Во Росоман, Силјановска освои 1.114 гласови наспроти 744 за Пендаровски, додека во Конче победи со 236 гласови разлика. Со двојна разлика во гласови победи Силјановска во Могила, додека во Новаци победата беше и повеќе од 2:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 06:51