Тежок пораз доживеа актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од владеачката партија СДСМ, во првиот круг од претседателските избори.
Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, на обработени 3.474 избирачки места од вкупно 3.508 или 99,03%, за професорката Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ гласале 362.561 граѓани или 40.09% од излезените гласачи, додека за Пендаровски гласале 180.216 граѓани или 19,93%.
На трето место е Бујар Османи со освоени 120.821 глас односно нешто под 40.00 разлика наспрема Таравари, кој освои 83.307 гласови.
Во однос на македонскиот блок на кандидати, изненадувачки, Максим Димитриевски е на третото место со 83.766 гласови, односно дупло повеќе од кандидатот на Левица, Билјана Ванковска која освои 41.167 гласови, додека Стевче Јакимовски освои 8.096 гласови, што е помалку од границата од 10.000 потписи кои се потребни за поднесување на кандидатура.