Артан Груби од ДУИ на денешната прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер. Тој со стихови од рап песна објасни дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.
-Песната вели дека им ја разбираме позицијата во која што се ден денес. Актуелниот и формален градоначалник Изет Меџити, како и неговиот нотар кој е овластен потписник Висар Ганиу и му ги потпишува неговите одлуки кој тој ги носи, „им ја знаеме позицијата, но мора да ја види топ листата“. А, на топ листата број еден се луѓево што се тука и граѓаните на Чаир. И затоа нека си го земе куферчето, мало е затоа што толкави му се работите, нека се отпакува и да си замине и да ја ослободи окупираната Општина Чаир, рече Груби.
На новинарско прашање дали стравува дека овој настан од албанската опозиција ќе го проценуваат како провокација и оти ќе може да има тензии, Груби рече дека воопшто нема тензии и посочи дека граѓаните се определиле за европска иднина.
-Тие треба да го одржат својот збор кој го кажаа јавно дека нотаризирале изјави за оставка во случај на пораз со само еден глас, а изгубија со 40 илјади гласови кои ќе станат 80 илјади гласови на 8 мај затоа што граѓаните не сакаат изолација, не сакаат слуги на Мицкоски и на Апасиев, туку сакаат да бидат претставувани од силна партија и силна коалиција која е европски ориентирана, рече Груби.
Скендер Реџепи-Зејд од коалицијата „Европски фронт“ нагласи дека денеска се пред Општина Чаир и посочи дека наредните денови ќе одат и во другите четири општини кои се менаџираат од коалицијата „Влен“ за да побараат оставка.
-Тука сме пред Општина Чаир и ќе бидеме и во другите четири општини во кои што членовите на „Влен“ ги менаџираа досега. Тука сме за да побараме оставка на секој претседател од „Невреди“ оти тие дадоа збор и пред нотар поднесоа потписи дека ќе си поднесат оставка сите четири доколку изгубат на претседателските избори. Сите сме сведоци дека вчера изгубија и изгубија длабоко и барем загубата машки да успеат да си одговараат и да поднесат оставка, рече тој.
На новинарско прашање кого ќе поддржат од двајцата претседателски кандидати во вториот круг, Зејд рече дека тој лично не би гласал за ниту едниот од нив двајца. Потенцира дека за ова прашање допрва ќе донесат одлука сите претседатели на коалицијата „Европски фронт“.
-Јас лично не би гласал ниту за едниот, ниту за другиот. Таква перспектива досега не научивме од Македонците да бидат спремни да гласаат за Албанец. Меѓутоа, крајната одлука ќе ја донесе фронтот. Тоа личното нека остане мое лично мислење, рече тој.
-Вчера беа претседателски избори и нормално е Мицкоски ќе се обиде со послабиот и сервилниот да си направи влада. Меѓутоа, суверенот во оваа ситуација се граѓаните кои живеат во општините во кои што мнозинството се Албанци и ако тие одлучат дека на 8 мај ние ќе ги предводиме Албанците и немакедонците од овие општини, бездруго ние ќе можеме да одлучиме што ќе се случи со иднината. Воопшто нема да вреди таа изјава. Доколку, а така ќе биде, на 8 мај ние си славиме длабока победа, двојна повеќе од вчерашната на претседателските избори, рече Зејд.