Италијанскиот град Венеција денеска стана првото туристичко место во светот коешто воведе систем за влезни такси за туристите, во обид да се намали гужвата за време на сезоната на празници.
Секој посетител кој нема да преноќи во градот, денеска, 25 април - италијански државен празник, мора да купи на интернет влезница што чини пет евра, за да влезе во „Градот на Лагуната“. Од тоа се ослободени лицата со попреченост, помладите од 14 години и оние кои престојуваат во хотел. Ова е прв од вкупно 29 дена во годината кога ќе се наплаќа влез. Сезоната трае од мај до јули.
Дали ваквата мерка ќе даде резултати, ќе се следи и во други туристички градови ширум светот што се борат со проблемот со масовен туризам.
Туристите кои немаат влезница на почетокот ќе добијат упатства како да купат. Натаму, казните се движат од 50 до 300 евра.
Околу 20 милиони луѓе ја посетиле Венеција лани, а околу половина од нив престојувале во хотели или апартмани. Во градот живеат околу 49.000 луѓе.