Научниците од Универзитетот во Мисури докажаа дека е вистинита поговорката: Она што трезен го мисли, пијан го кажува.

Резултатите од нивната студија научно потврдија дека луѓето под влијание на алкохол се поискрени и оти поретко се повлекуваат поради страв од последиците од своите постапки.

Испитувале 67 лица, поделени во две групи. Едната група пиела вотка и тоник, а другата плацебо безалкохолен пијалак. Потоа добиле задача да препознаат одредени карактеристики на лицата на фотографии кои им биле покажани.

Забележано е дека оние кои не конзумирале алкохол, откако ќе направеле грешка тие повеќе размислуваат за следниот пат да не ја повторат грешката.

Групата која конзумирала алкохол воопшто не се возбудувала поради грешката и продолжувала да одговара со иста брзина како и претходно. Биле свесни дека згрешиле, но едноставно не им било грижа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 06:28