Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Сандерс додаде дека неговите изјави се одговор на вчерашните изјави на Нетанјаху дека критиките за политиката на израелската Влада се антисемитски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 08:55