Традиционално почнувајќи од 2013 година, секоја изборна година Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) подготвуваат прирачник за изборните процеси во земјата.

Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да ги најдете на веб страната http://izbornaarhiva.mk/

Оваа година покрај веќе издадениот прирачник за претседателските избори, имаме задоволство да ја претставиме нашата нова публикација за претстојните парламентарни избори:

„Прирачник за парламентарни избори во Република Северна Македонија 2024 година”

Електронското издание на прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик и може бесплатно да се преземе од следните линкови:

Прирачник за парламентарни избори во Република Северна Македонија 2024 година

Doracak për zgjedhjet parlamentare në Republikën e Maqedonisë së Veriut 2024

Handbook on 2024 Parliamentary Elections in the Republic of North Macedonia Прирачникот дава преглед за парламентарните избори 2024 година, како и за историјата на парламентарните избори во земјата, изборниот систем и за учесниците на изборите. По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина. Се надеваме дека прирачникот може да биде корисен за сите кои се заинтересирани или директно вклучени во претстојните избори. Изразуваме благодарност до Програмата за поддршка на изборите на Швајцарската соработка во Северна Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), за поддршката и соработката во подготовката на оваа публикација. Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Фондација Конрад Аденауер



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 21:15