Истече рокот за поднесување приговори за постапката за гласање, до Државната Изборна комисија пристигна еден приговор за постапката на гласање во Липково, потврди за МИА Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на Државната изборна комисија.
Утре во 19 часот истекува рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.
Доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата