Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше носителката на ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, таа истакна дека народот се обединува околу еден кандидат за претседател кој достоинствено ќе не претставува.

„Ние подаваме рака и повикуваме на обединување. Како ВМРО-ДПМНЕ сме обвинувани за антиевропска, за албанофобна партија. Од вчерашните анкети што се направени од изборните резултати докази за нас дека имаат гласано и другите националности што значи дека не е пречка припадноста на друга националност па и на друга политичка партија туку дека народот се обединува околу тоа да имаме еден кандидат за претседател, да имаме претседател на држава кој достоинствено ќе не претставува и чија што една од десетте постулати на нејзината програма е претседател на сите граѓани“, истакна Стојаноска.

Таа додаде дека се презадоволни од она што народот го искажа пред два дена.

„Презадоволни сме од она што народот го искажа пред два дена. Народот конечно се охрабри, на народот не влијаеа сите притисоци од актуелната власт и сите начини кои умешно знаат да ги користат. Овој пат навистина чашата е прелеана. Им се заблагодарувам и честитам на тие што уште во првиот круг излегоа го кажаа својот глас дека повеќе не сакаат да функционира како досега, туку сакаат промени, сакаат нешто што ќе значи слобода, вистинска демократија и вистински европски вредности бидејќи сето ова досега беа само лажни европски вредности, злоупотреба на европско знаме и злоупотреба на вистинските европски вредности“, вели Стојаноска.

Во однос на изборната програма Платформа 1198, Стојаноска истакна дека програмата е изработена врз основа на барањата и предлозите од страна на граѓаните.

„Нашата изборна програма Платформа 1198 нуди исто толку проекти кои се изработени врз основа на барања и предлози кои стигнале од граѓаните со кои сме биле во постојан контакт изминатиов период. Преточени се преку партиски експерти, соодветните делови од програмата и конечно пресметани од експертите по финансии. Сето тоа што е сочинето во програмата е побарано од нас, ние тоа што го имаме во програмата го ветуваме. Видоа граѓаните во изминатите седум години кои што ветуваше и кои што беше во можност дали истото го реализира“, рече Стојаноска.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 22:57