Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Н.(71) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, во временскиот период од 13.09.2023 до 23.02.2024 година, по претходно дадено овластување од страна на М.М., во повеќе наврати во банка, додека била надвор од Република Македонија, без нејзино знаење, од нејзина сметка подигнал вкупно 67.800 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2024 06:46