Првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на камапањата вториот круг од претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави денеска амбасадорот на Европската унија во земјата Дејвид Гир.

-Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2024 22:24