Тие успеаа, па зошто да не и вие?

Мораме да признаеме дека немаме баш често прилика на едно место да слушаме совети за еден сенатор, уредник на Иајм магазинот, поранешен извршен директор и текстописецот на магапопуларните песни како “Let it go” и “Frozen”.

Меѓутоа, екипа од најпознатиот онлајн портал Huffington Post, присуствувала на едно такво случување пред крајот на минатата година кога не едно место биле собрани осум успешни жени кои ја споделиле својата приказна за нивната кариера.

На настанот на магазинот Тајм и сајтот „Вистински едноставно“ на столчињата се најдоа Ненси Гибс, уредник во Тајм магазинот, Кирстен Гилибренд, сенаторка, Кристин ван Огтроп, уредник на сајтот Вистински едонставно, Кристен Сндерсон-Лопез, текстописец, Тамрон Хал, новинарка на НБЦ мрежата и поранешниот извршен уредник на компанијата WWE, Линда МекМахон.

Во продолжение ви носиме 8 лекции за успех од екипата на Huffington Posta:

Приказната дека не сте потполни доколку немате успешна кариера и семеен живот на никој не му помогнала

„Ова резултираше да се имплицира како жените кои остануваат дома имаат некој половичен, непотполн живот. А, тоа веднаш условило да се оформи табор „домаќинки“ и „кариеристки“, кои меѓусебно не се поднесуваат. Она за што треба да разговараме не е дека сето тоа нам ни е потребно, туку како да имате се. Бидејќи можете да имате еднакво успешна деловна кариера и приватен живот. Се е работа на организација, волја и поддршка од најблиските“, вели Кирстен Гилибранд.

Грешките се дел од процесот

„Пред финалната верзија на песната “Frozen” минимум седум пати го менував текстот. делот „Do you want to make a snowman“ еден час беше во песната, а другиот не. Тогаш кога песната ја снимивме за прв пат, просто не звучеше како што треба. Но, битно е да не се откажеш и да учиш од грешките кои никако не смеат да се гледаат како препреки кои нема да можете да ги поминете или како нешто лошо. Грешките се дел од успехот. Што побрзо ги научите, толку побрзо ќе бидете успешни“, вели Кристен Андерсон-Лопез.

… и обично баш грешките ве доведуваат до успешен краен резултат!

„Се што сум мислела дека сакам, а не сум успевала никако да го остварам, подоцна низ одредени ситуации ми станало реалност, за да ми покаже колку со причина сум правела нешто друго. Нешто далеку од подобро. Бидејќи, не значи дека она што го сакате на крајот и ќе ве задовли“, додава Тамрон Хал.

Соновите се фантастични, но само делата се бројат….

„Често ме прашуваа дали некогаш сум претчувствувала или со нувала дека еден ден ќе бидам на ова место каде што сум денеска! И мојот одговор секогаш бил не. И тоа е само затоа што сум била презафатен градејќи ја својата кариера. Соновите се во ред, но морате да работите многу за да успеете… чекор по чекор“, вели Линда МекМахон.

Пронајдете ментор и бидете им ментор на другите!

„Секогаш е важно да имате една личност која ќе може во вистинскиот момент да ви даде добар совет, но ако баш не можете да пронајдете некој, тогаш потрудете се да бидете сами свое кормило, кое секогаш го знае своеој правец и вистинската цел“, објаснува Киртен Гилибранд.

Престанете да бидете опседнати со она што го немате!

„Кога ќе се сетам на својата рана младост, кога имав 20 години, сфаќам колку многу сум била опседната со успех. Мислев дека морам да работат по неколку работи истовремено за да бидам успешна. Поради тоа бев прилично под стрес, некоја тензија и постојано во хаос. Доколку успехот го врзувате со среќата, за нешто без што не можете да функционирате, никогаш нема да успеете бидејќи себе ќе се опкружите со анксиозност, негативна енергија“, додава Андерсон-Лопез.

Верувајте дека сте посебни, но не се однесувајте како кретен поради тоа

„Oк можете да бидете математички гениј, махер за програмирање, вонсериски дизајнер и вокал со ракошен глас, но никако не смеете да мислите дека сте над другите. Од друга страна, мислам дека е сосема во ред родителите да им кажуваат на своите деца дека се посебни. Па вие сте нивно дете и тие веруваат во вас, а вам ви е потребен поттик и поддршка од најблиските. При тоа, ќе сретнете еден тон луѓе кои ќе ви кажат дека не сте… Животот е суров и тоа секоја треба да го сфати. Фала му на Бог што некој ми кажал дека сум посебна, бидејќи немате представа со какви имиња ме нарекуваат на Твитер“, додава Тамрон.

Жените мораат повеќе да соработуваат, комуницираат, делат совети. Тоа е навистина важно!

„Кога во Конгресот би имале 51 отсто женски претставници, не би губеле толку многу време и нерви дискутирајќи за прашања поврзани со достапноста на контрацепцијата“, додава Гилибранд.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2024 05:47