Доколку ги следите следните пет клучни правила ќе имате совршен почеток на денот што ќе ви помогне да го намалите вишокот килограми.
Овие правила може да се одразат на губењето килограми. Погледнете кои се клучните правила што се однесуваат на појадокот.
Внесете најмалку 8 грама влакна
Влакната подолго време ќе ве држат заситени па нема да барате грицки до ручекот. Затоа е мошне важно појадокот да изобилува со влакна.
Појадувајте штом ќе се разбудите
Искористете го потенцијалот на организмот да ги согорува мастите и јадете веднаш штом ќе станете, поточно, најдоцна еден час по будењето. На тој начин го поттикнувате метаболизмот и ги избегнувате подоцнежните напади на глад.
Конзумирајте повеќе протеини, а помалку шеќери
Благата храна можеби ви изгледа примамливо и идеално за првиот оброк во денот, но не е најдобар избор. Ваквата храна има повеќе калории, а ви дава помалку енергија. Затоа конзумирајте производи богати со протеини: јајца и печиво од брашно од цело зрно на житарки.
Водете сметка за големината на порцијата
Појадокот треба да биде доволно обилен за да ве засити, но не треба да се претерува. Во принцип, не би требало да внесете повеќе од 350 калории.
Никогаш не го прескокнувајте појадокот
Прескокнувањето на оброците не е добро решение ако сакате да ослабите. Ова особено се однесува на појадокот. Квалитетниот појадок ќе ве заштити, па во текот на денот ќе внесете помалку калории и ќе имате зголемен апетит