Истражување на Универзитетот во Пекинг покажало дека во Кина се наоѓаат огромен број градови во кои речиси и никој да не живее.

Овие „ градови на духови “ се населени места, каде има многу повеќе станбени објекти од жители.

Благодарејќи на глобалната финансиска криза и економскиот раст Кина употребила повеќе цемент отколку САД за време на целиот 20 век. Овој бум резултирал со станбени објекти кои денес на никој не му се потребни.

Покрај тоа што се зборува за овие градови до сега се сведувале претежно на анегдоти, резултатите од истражувањето потврдиле дека во Кина се наоѓаат најмалку 50 големи „фантомски“ градови.

Со оглед на тоа дека во прашање е „многу чувствителна тема“ идека нивното именување може да ја загрози продажбата на недвижности, истражувачите одбиле да ги соопштат имињата на градовите.

Кинеските власти предвидуваат дека населението во наредните неколку децении се повеќе ќе мигрира од село во град, така што овие празни згради нема да останат ненаселени.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2024 05:48