Ромската заедница во Македонија најмногу ја болат дискриминацијата, отсуството на соодветна инфраструктура во ромските маала, отсуството на инвестиции во образованието и во вработувањето, порача носителот на Изборна единица 3, Идриз Зејнелов на вчерашната средба со жителите на Штип.

„Тука сум да го претставам интересот на ромскиот народ, на народот кој што ја споделува истата идеја како и ние. Без Вас нема да може да го направим тоа, но со Вас заедно ќе ги направиме промените кои ги сакаме. Затоа што имаме план кој што јасно го изложуваме пред Вас. Ние нема да престанеме да работиме додека не го промените овој статус. Јас овие години докажав дека сум со Вас во секој момент, а од сега натаму ветувам дека ќе ја направиме промената“, порача Зејнелов.

Поради ова, кандидатот за пратеник во изборната единица 3, ги повика жителите да не останат пасивни и да не им служат на другите, туку за успехот на заедницата.

„Сите масовно од Делчево, Берово, Виница, Кочани, Штип, Велес, Свети Николе, Пробиштип, секаде кадешто живеете ВИЕ кои ја слушате оваа порака и ги споделувате нашите ИДЕИ, на 8-мај да им се покаже народ и да го заокружиме бројот 10. Да ја дадеме поддршката за АВАЈА. ПОБЕДА со која што ќе кажеме доста е затоа што ние Доаѓаме!“, рече Зејнелов.

Претседателот на партијата Акиф Кариман, пред штипјани, се осврна на секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. „Ние во 2024 немаме пристап до вода. Инвестициите од другите институции, пред се, од општината во образованието е нула. И доколку некој се пофали дека не што е направено или дадено, тогаш најголемиот дел од парите доаѓаат од Европската Унија и од граѓанските организации. Државата не прави ништо за нас“, рече Кариман.

Тој рече дека како АВАЈА не ветуваат дека ќе ги решат сите проблеми, туку дека се што ќе прават ќе биде во интерес на народот за да се подобри неговиот живот. „Не ја направивме партијата и не одиме на избори заради личен интерес или заради фотелји. Туку одиме за да бидеме во ваша служба и нашите маала да имаат свој глас и свои претставници пред институциите. Давањето поддршка на нашиот кандидат за пратеник, Идриз значи дека нашиот народ оди напред“, заврши претседателот на АВАЈА.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2024 17:14