​​​​Носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и денес има средби со граѓаните на Велес. ,,Втор ден сум во Велес. Вчера се движевме по Чаршијата, разговаравме со велешани. Денес сме на Пазарот во Велес. Она што можеме да го слушнеме од велешани е дека тие ја препознаваат Левица како единствена опција којашто потекнува од народот. Во Програмата на Левица има најмногу за обичниот работник, затоа што оттаму ние и потекнуваме". Борбата продолжува, а Крмов апелираше дека за истата да продолжи, треба граѓаните да ја поддржат Левица како единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси: ,,Потребно е сега да се гласа за Левица, за да продолжи борбата во Собрание. Ние заедно со претседателот Апасиев во последниве 4 години од нашиот мандат покажавме дека некои работи може да се сменат, дека пратениците може да НЕ зимаат патни трошоци, дека може да се борат за вистинските интереси на македонскиот народ и сега мораме да бидеме двоцифрен број, за да ја продолжиме борбата!", додаде Крмов.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2024 04:10