На 27.04.2024 во 10.40 часот било пријавено дека на Граничниот премин Белановце, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(72) од Косово, со живеалиште во с.Долно Коњаре, кумановско, удрило во ѕид од објект, сопственост на Царинската управа на РСМ.

Според пријавеното, на возачот му откажале сопирачките на возилото. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2024 05:52