Марија Митева, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во свое гостување на Сител зборуваше за големата разлика која ја освои професорката Гордана Силјановска Давкова во првиот круг и посочи дека големата разлика во гласови дава уште поголем поттик до 8 мај да се бара подршката за масовна излезност и поголем број на пратеници во Собранието.

-Добро е што на една друга национална телевизија имаше едно видео на кое претседателот Мицкоски уште неколку месеци пред изборите вели дека уште во првиот круг професорката Гордана Силјановска Давкова ќе води со 100.000-150.000 гласа, така што можам да кажам дека некаде во оваа рамка се движеа нашите би кажала мерења на јавните мислења и тоа не го темелевме врз основа на тоа само колку голема ќе биде победата туку на тоа што го добивавме како имплус од граѓаните. Постојано бевме на терен, постојано организиравме најразлични дебати, најразлични трибини, средби со граѓани, бевме помеѓу народот, зборувавме за сите проблеми со кои се соочуваа и некако оттаму ги собиравме идеите кои треба да бидат дел и се дел од нашата Платформа 1198, а потоа и некако го почувствувавме импулсот од граѓаните кои навистина сакаше промени. Не не изненадува поддршката напротив таа ни дава би кажал една друга димензија на одговорност која што ја чувствуваме како политичка партија и обврска да продолжиме до 8 мај континуирано да ја бараме поддршката за масовна излезност и за што поголем број на пратеници во Собранието за една стабилна влада која што навистина ќе ги донесе промените кои што народот го бара, рече Митева.

Во врска со претседателските избори Митева потенцираше дека Стево Пендаровски во никој случај нема да биде претседател на Македонија и дека многу е јасно дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени.

-Апсолутно дека Стево Пендаровски нема да биде претседател на Македонија, ќе бидам директна и конкретна, мислам дека на сите веќе им е јасно дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени. Ова е историски би кажала резултат кој што една партија од опозиција го има постигнато, така што сме прво горди и на тоа што сме го направиле затоа што сме имале добра понуда, на таа понуда граѓаните веруваат, ја дале довербата и треба да продолжиме уште посилно да ја бараме поддршката, порача Митева.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2024 10:28