До утре на полноќ е пријавувањето на болни и немоќни лица, кои сакаат да гласаат во домашни услови. Претседaтелот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев денеска изјави дека досега дополнително се имаат пријавено 17 лица. Тој појаснува дека болните и немоќни лица кои гласаа на 23 април на првиот круг на претседателските избори им важат пријавите и за вториот круг на претседателски и парламентарните избори на 7 мај, односно овие лица гласаат ден пред спроведување на изборите на 8 мај.

-Лицата коишто имаат поднесено пријава од првиот круг за претседателските избори и коишто уредно се имаат пријавено за гласање на претседателски избори и парламентарни избори, значи тие пријави важат, вкупниот број беше 161 пријава, од кои ОИК ги одобри 158. Тие 158 пријави се уште важат и досега имаме нови дополните 17 пријави, коишто ќе ги разгледуваме после рокот на пријавување на болни и немоќни лица, рече Вацев.

Тој истакна дека просториите на Општинската изборна изборна-Штип ќе бидат отворени утре до полноќ, кога истекува овој рок, или пријавата може да се поднесе и по електронски пат. Вацев истакна дека течат подготовките за вториот круг на претседателски и на парламентарните избори на 8 мај. Недоверливиот материјал е во просториите на ОИК, а додека доверливиот материјал го чекаат 72 часа пред гласањето



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2024 17:54