Најмалку две лица загинаа, а осум други се повредени во руски ракетен напад врз Одеса на југот на Украина, соопшти локалниот гувернер.

- За жал, две лица загинаа во руски ракетен напад. Уште осум лица се повредени до различен степен, меѓу кои и едно 12-годишно момче, напиша гувернерот Олег Кипер на Телеграм.

Во посебна порака претходно денеска, тој рече дека во рускиот напад биле оштетени станбени згради и друга цивилна инфраструктура.

Црноморското пристаниште Одеса е важно за украинските извозници и редовно е цел на смртоносни ракетни и напади со дронови.

Во исто време, во Харков, вториот по големина украински град кој често е цел на руски напади, денеска во руски напад е ранет еден цивил, соопштија локалните власти.

Локалниот гувернер Олег Синегубов соопшти дека 42-годишен маж бил ранет од шрапнели за време на руски ракетен напад.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2024 05:35